ИФЦ ќе инвестира 25 милиони евра во зелена енергија

Bez autora
Jul 06 2010

ИФЦ, членка на групата на Светската банка, ќе инвестира 25 милиони евра во фондацијата „Зелено во развој“ со цел да се стимулира финансирањето во проектите за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во југоисточна Европа. Фондацијата „Зелено во развој“ соопшти дека парите ќе ги употреби за финансирање на малите и средните претпријатија и приватните домаќинства преку финансиските институции, како и директно финансирање на енергетско-услужните компании, проекти за обновлива енергија, компании што нудат услуги во областа на енергетската ефикасност и вршат снабдување преку обновливи извори на енергија од помал обем. Според соопштението на ИФЦ, тоа ќе резултира со заштеди на енергијата, ќе ја зголеми конкурентноста на компаниите, ќе ги намали емисиите на гас, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и ќе ја зголеми енергетската стабилност во југоисточна Европа.

ИФЦ ќе инвестира 25 милиони евра во зелена енергијаИФЦ, членка на групата на Светската банка, ќе инвестира 25 милиони евра во фондацијата „Зелено во развој“ со цел да се стимулира финансирањето во проектите за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во југоисточна Европа.

Фондацијата „Зелено во развој“ соопшти дека парите ќе ги употреби за финансирање на малите и средните претпријатија и приватните домаќинства преку финансиските институции, како и директно финансирање на енергетско-услужните компании, проекти за обновлива енергија, компании што нудат услуги во областа на енергетската ефикасност и вршат снабдување преку обновливи извори на енергија од помал обем.

Според соопштението на ИФЦ, тоа ќе резултира со заштеди на енергијата, ќе ја зголеми конкурентноста на компаниите, ќе ги намали емисиите на гас, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и ќе ја зголеми енергетската стабилност во југоисточна Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik